Том Думулин практично ги загуби шансите за победа на Џиро Д’Италија на четвртата етапа по падот на пет километри пред финишот, додека Словенецот Примож Роглич го зголеми водството по победата на Еквадорецот Рикард Карапаз.
Роглич (Џамбо-Висма), успеа да се извлече од хаосот во финишот при голема брзина во кој настрада водечката група од десетина велосипедисти, за да заврши како шести на етапата и да го зголеми водството пред ривалите за 16 секунди.
Холанѓанецот Думулин (Санвеб), шампионот од 2017 година и минатогодишен вице-шампион го повреди левото колено при падот и ја помина целта со помош на колегите со четири минути заостанување.
Етапната победа отиде кај Карапаз (Мовистар), кој се одвои од главната група пред искачувањето во Фрашати, за да го заддржи Австралиецот Кејлеб Јуан (Лото Судал) зад него. Топ 3 го комплетираше Италијанецот Диего Улиси (УАЕ Тим Емирати) со две секунди предност пред Роглич.
29-годишниот Словенец Роглич се најде во незавидна ситуација да ја искрористи несреќата на ривалите и да тргне по поголема предност, но на крајот не се трудеше премногу. Сега тој има 35 секунди пред Британецот Сајмон Јејтс (Мичелтон) и 39 пред Винченцо Нибали (Бахреин Мерида).
What a moment for stage four winner @RichardCarapazM ?#Giro102 #Giro #TheBreakaway pic.twitter.com/jE6mOrhAB4
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 14, 2019
Not for the faint-hearted ?
Race over for @tom_dumoulin? #Giro102 #Giro #TheBreakaway pic.twitter.com/CpB5FOCy4o
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) May 14, 2019