Англискиот боксер, Џо Џојс покажа дека е подготвен за борба за титула во тешка категорија, откако по фуриозни 11 рунди го нокаутираше Џозеф Паркер на мечот во Манчестер.
Иако Паркер доминираше во првите рунди, Џојс ја презее контролата од шестата рунда, за да го заврши мечот со фантастичен удар со левата рака за да го освои „преодниот“ ВБО појас, помалку престижната верзија на титулата која ја држи Украинецот Олександер Усик, но која може да му гарантира меч за титула следната сезона.
Додека ВБЦ шампионот Тајсон Фјури и ексшампионот Ентони Џошуа се во преговори за меч на 3 декември во Кардиф, 37-годишниот Џојс може да биде алтернатива за „Џипси кинг“.