Британската тенисерка Џоана Конта е првата полуфиналистка на вториот годинешен гренд-слем турнир, Ролан Гарос. Конта попладнево лесно и брзо со 2-0 во сетови (6-1 и 6-4) славеше против Американката Слоун Стивенс.
Во претходната фаза Конта беше подобра од Хрватката Дона Векиќ, а доминантната игра ја повтори и во денешниот меч.
Седмата носителка на турнирот немаше многу шанси против расположената тенисерка која на целиот меч и допушти само една брејк шанса.
Во полуфиналето противничка на Конта ќе и биде подобрата од дуелот Мартиќ – Вондроусова.