Top Sport

Џон Џонс е херој – му спаси живот на човек во парк

УФЦ мега-ѕвездата Џон Џонс уште еднаш покажа дека не е „силен“ само на зборови, откако со група луѓе му спаси живот на еден човек во парк во Албакерки, Њу Мексико, кој страдал од сериозна дехидрација.

32-годишниот Џонс пронашол човек на земја во локалниот парк на 4 јули, американскиот Ден на независноста, и заедно со други случајни минувачи го сместиле човекот во сенка, му дале вода и јадење во обид да го врата во живот, откривајќи ја случката на Твитер.

„Заедно сме силни, се надевам дека уживате во вашиот 4 јули. Го најдовме овој човек на сред поле, страдаше од сериозна дехидрација. Групата сериозно му го спаси животот. Чувството беше фантастично, тие луѓе беа херои денеска. Го извлечкавме до едно дрво и го натеравме да испие четири шишиња вода и да изеде еден хот-дог. Не сакам да се претставувам како херој, туку бев горд на тие околу мене. Некои од младите деца научија вредна лекција денеска“, вели Џонс.

Scroll to Top