Top Sport

АС: ПСЖ се согласиле Нејмар да замине во Барса (ако има понуда)

Бидејќи повторно е лето, повторно е време за шпекулациите дека Барселона ќе го врати Нејмар од Пари Сен-Жермен како „мелем“ на раните по колапсот на борбата за титулата во Шпанија ова лето, тврди шпанскиот весник „АС“.

Според нивните извори Нејмар веќе се договорил со првите луѓе на Пари Сен-Жермен дека ако каталонскиот гигант се обиде да го донесе ова лето, ќе се обидат да дојдат до договор по случките минатото лето, кога ПСЖ постави превисока цена за Бразилецот. За возврат, ПСЖ бараат Нејмар да биде целосно фокусиран на Лигата на шампионите и освојувањето на трофејот кој им недостасува во колекцијата.

Доколку се случи ова, весникот тврди дека цената би била околу 170 милиони евра, која би паднала драстично доколку ПСЖ се согласи да ги земе Антоан Гризман или Усман Дембеле, а Нејмар би ја добил ветената плата од управата на Барса.

Договорот на Нејмар со Пари Сен-Жермен завршува во 2022 година, така што ова лето би било последно во кое францускиот клуб би можел да врати голем дел од 222-те милиони евра кои ги платија пред три години. Во Каталонија сметаат дека со успешно привлекување на Нејмар би ги смириле навивачите кои се незадоволни од формата на својот омилен тим.

Scroll to Top