Top Sport

Џон Џонс го предизвика Тајсон: Ветувам дека нема да ти скршам ништо

УФЦ легендата Џон Џонс најде начин да стигне до посакуваната голема исплата надвор од УФЦ октагонот, предизвикувајќи го легендарниот Мајк Тајсон во мешана ММА-бокс борба.

Ова дојде откако Тајсон неодамна зборуваше за ситуацијата во УФЦ, каде што повеќе борци, вклучувајќи го и Џонс се незадоволни од парите кои ги заработуваат, кои во споредба со парите на боксерите се „минијатурни“.

„Нели УФЦ е попопуларен спорт од боксот, така? Повисок рејтинг? Но, УФЦ фајтер никогаш нема да биде побогат од првокласен боксер. За да заработи 100 милиони долари, Конор Мекгрегор мораше да влезе во рингот со Флојд Мејведер. Џон Џонс мора да влезе во рингот со мене за да направи многу пари“, изјави 53-годишниот Тајсон.

Џонс го забележа интервјуто и даде одговор преку Твитер.

„Слушам, Мајк Тајсон! Ќе боксувам со тебе во рингот, ако ветиш дека после ќе ми дадеш меч во октагонот. И бидејќи те почитувам толку многу, ветувам дека нема да ти скршам ништо“, напиша Џонс.

Scroll to Top