Top Sport

Џорџ Форман открива: Мухамед Али се плашеше само од еден боксер!

Кога ќе се спомене бокс – едно од првите имиња кои доаѓаат на памет е Мухамед Али. Еден од најдобрите боксери на сите времиња почина во 2016 година. Сега, по 5 години, неговиот колега – Џорџ Форман открива дека Али имал страв само од еден боксер, од уште една боксерска легенда – Мајк Тајсон.

„Ми го рече тоа и самиот. Кога го прашав дали мисли дека Тајсон може да победи било кого, ми одговори `Мајк удира толку силно`. Во една прилика ми призна дека не е уверен дека може да го победи Тајсон“ раскажа Форман.

Тајсон и Али не успеаја да ги одмерат силите, а во една прилика „челичниот“ го прашаа кој би победил доколку тие двајца ги „вкрстат ракавиците“.

„Знам дека тоа сега е само фантазија. Во мојата имагинација би го победил, но нема шанси да го победам во вистинска борба. Али е најголемиот на сите времиња“ рече своевремено Мајк Тајсон.

Scroll to Top