Top Sport

Џошуа и Фјури договараат пресметка во Саудиска Арабија во декември!

И покрај тоа што двајцата имаат закажани мечеви со други боксери, Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ги почнале преговорите за пресметка за обединување на титулите во тешка категорија во Саудиска Арабија во декември, тврди „ЕСПН“.

Досегашните планови за британски дуел во тешка категорија беа ставени на страна поради Дионтеј Вајлдер, но и пандемијата на корона вирусот, која предизвика откажување на третиот дуел Фјури-Вајлдер, како и мечот на Џошуа против бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев.

Според „ЕСПН“, тимовите на двајцата боксери се во преговори со ВБЦ предизвикувачот Вајлдер за да се откаже од трилогијата мечеви со „Џипси кинг“, бидејќи веќе имало конкретна понуда од Саудиска Арабија за организација на мечот во декември.

„Јас би се борел и во Тимбукту, ако парите се големи“, изјави Фјури за „ЕСПН“ кога беше запрашан дали би боксувал во Саудиска Арабија.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн е сигурен дека може да се дојде до договор.

„Единствени разговори во моментов се каде би се оддржал и дали би можел да се оддржи мечот. Не знаеме дали во декември ќе може да има публика“, вели Херн.

Scroll to Top