Top Sport

Џошуа и Поветкин нема да го наполнат „Вембли“

Иако за досегашните мечеви на фудбалските стадиони на Ентони Џошуа се бараше билет повеќе, дуелот со Русинот Александер Поветкин следната недела може да не го распродаде „Вембли“, признава неговиот промотер Еди Херн.

Сите очекуваа Џошуа да се договори за меч со Американецот Дионтеј Вајлдер, но тој на крајот ќе се сретне со уште еден Британец, Тајсон Фјури, така што Џошуа, актуелниот ВБА, ИБФ и ВБО шампион не е многу атрактивен против опасниот Поветкин.

„Обично, билетите на Ентони Џошуа се продаваат итно, но сега ситуацијата е поспора од таа со Владимир Кличко и Џозеф Паркер. Ме лути тоа што луѓето во боксот знаат дека се работи за тежок меч, додека од лаиците слушам за следниот меч, иако прво мора да го победи Поветкин“, вели Херн.

Scroll to Top