Светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа, конечно, откри што му кажал Златан Ибрахимовиќ пред одбраната на титулата против Карлос Такам.
Џошуа го победи Такам со нокаут во 10. рунда пред 78.000 фанови на „Принсипалити“ стадионот во Кардиф, а Швеѓанецот го посети пред мечот. Златан му дал посебен совет на Британецот.
When lions meet ?? #AJBXNG pic.twitter.com/NZ0fsBAqVn
— Anthony Joshua (@anthonyfjoshua) October 28, 2017
„Ме слушна дека кажав: ’не сум совршен, но се обидувам’, и тој ми кажа дека тоа треба да стои: ’совршен сум, и не се обидувам’“, изјави Џошуа за „Дејли мирор“.
Швеѓанецот исто беше импресиониран од боксерот.
„Првпат го гледам и тој е совршен пример за тоа што треба да претставува еден боксер. Моќен е, има движење, знае да нокаутира. Дури и карактерот му е добар, бидејќи е совршен и природен. Има добра енергија, добро се изразува и затоа е шампион на луѓето. Знаете, тој не етолку добар боксер колку што јас сум фудбалер, но полека ќе стигне дотаму“, изјави Ибрахимовиќ.