Top Sport

Џошуа ќе бара помош од Рој Џонс Јуниор за да ја „сврти“ кариерата

Поранешниот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа ќе се обиде да работи со легендарниот поранешен шампион Рој Џонс Јуниор пред потенцијалниот камбек во рингот во 2023 година.

Британецот повторно беше декласиран од украинскиот шампион Олександер Усик во август и првпат од 2015 година ќе боксува во меч кој не е за титулата. Пред тој меч Џошуа го смени долгогодишниот тренер Роберт Меккракен со Роберт Гарсија, но сега бара нова промена по разочарувачкиот пораз.

„Џошуа не сака да се обврзува уште сега, но ќе разговараме и ќе видиме што ќе се случи. Тој ќе дојде да работи со мене неколку дена и потоа ќе одлучиме. Ако не му одговара, тогаш ќе побара подобар тренер“, откри 53-годишниот Џонс Јуниор.

Scroll to Top