Top Sport

Гвардиол и со скршен нос ќе игра на СП

Дефанзивецот на РБ Лајпциг и на хрватската репрезентација, Јошко Гвардиол ќе игра на Светското првенство во Катар и покрај тоа што доби скршен нос и повреда на окото на вчерашниот меч со Фрајбург, кога се судри со сопствен соиграч.

„Јошко Гвардиол има скршеница на носот. Меѓутоа, операцијата не е потребна, и неговиот настап на СП не е загрозен“, објавија од бундеслигашот на социјалните мрежи.

Самиот Гвардиол, чија цена порасна последните сезони по фантастичните игри за Лајпциг, објави фотографија на социјалните мрежи со порака: „Треба да видите како изгледа другиот“.

Хрватска го отвара Мундијалот на 23 ноември против Мароко, а во групата Ф се и Канада и Белгија.

Scroll to Top