Top Sport

Џошуа: Никој не ме соборил, ниту ќе направи тоа

Светскиот шампион во тешка категорија според ВБА и ИБФ федерациите, Ентони Џошуа вели дека тврдењата дека не може да прими удар без нокаут се „лажни вести“ пред мечот со Новозеланѓанецот Џозеф Паркер.

28-годишниот Џошуа влегува во мечот на 31 март со совршени 20-0 скор со 20 нокаути, додека ВБО шампионот Паркер нема пораз во 24 меча, од кои 18 ги решил со нокаут. Од кампот на Паркер порачаа дека Џошуа има „стаклена брада“ посочувајќи ги неговите нокдауни против Владимир Кличко. На првата прес-конференција пред мечот, Џошуа вели дека ќе биде потребен „повеќе од обичен човек“ да го победи.

„Кога зборуваш за тоа како јас паѓам и што си направил, тоа е само маркетинг стратегија. Шпекулациите кои ги слушате се лажни вести. Но, ако сакате да го користите тоа, тоа е ваше“, вели Џошуа.

Паркер, од другата страна, призна дека го чека голем предизвик, но останува сигурен.

„Го следам подолго време. Знам дека и тој ме гледаше мене. Ја знам неговата сила, но и тој мојата. Сигурен сум дека ќе му ја погодам брадата и ќе го нокаутирам“, изјави Паркер.

Scroll to Top