Top Sport

Џошуа подготвен да дозволи меч Фјури-Усик, „Џипси кинг“ вели ќе боксува со Вајт

Хаосот со преговорите во тешката категорија продолжува, откако британските медиуми јавуваат дека Ентони Џошуа се согласил да дозволи Тајсон Фјури да боксува со Олександер Усик за апсолутната титула во тешка категорија со право тој да боксува со победникот, додека во исто време „Џипси кинг“ најави дека следен противник ќе биде Дилијан Вајт.

Промотерот на Џошуа, Еди Херн потврди дека неговиот клиент е подготвен за договор, откако Фјури изјави дека му е мака од долгите преговори и дека ќе ја брани ВБЦ титулата против Вајт на 26 март. Фјури ги обвини Џошуа и Херн дека се „најлоши бизнисмени“ во боксот, бидејќи не прифатиле 20 милиони фунти да дозволат меч со Усик.

Доколку нема договор бргу, мечот Фјури-Вајт ќе оди на „аукција“ во Мексико Сити утревечер, додека Џошуа ќе се подготвува за римеч со усик оваа пролет.

Scroll to Top