Top Sport

Мазепин доби посебен гостин во вежбалната во Дубаи

Кристијано Роналдо и кога е на одмор не може без својот посебен тренинг-режим, откако при одморот во Дубаи беше специјален гостин на рускиот Ф1 возач, Никита Мазепин.

Американскиот тим на Мазепин, Хас Ф1, ја сподели фотографијата, а Мазепин, синот на рускиот милијардер кој имаше неимпресивна прва сезона во спортот, го опиша тренингот како „најдобар оваа година“.

36-годишниот Роналдо е во Дубаи поради 13-дневната пауза во Премиерлигата пред мечот на Манчестер јунајтед против Мидлзборо од ФА купот на 4 февруари. Тој претходно објави фотографии со своите четири деца и фудбалска топка на плажата во Обединетите Арапски Емирати.

Scroll to Top