Top Sport

Џошуа сака меч со Фјури, Пулев и Вајлдер ќе „извисат“?

Носителот на три титули во тешка категорија, Ентони Џошуа побара од неговиот британски сонародник Тајсон Фјури, конечно да влезат во меч за обединување на титулите, иако веќе има договор за меч со бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулев, додека Фјури има договорено уште еден меч со Дионтеј Вајлдер.

Досега, ниту еден боксер ги нема четирите титули во исто време.

„Логично, за да докажеш дека си број 1, треба да боксуваш со Тајсон Фјури. Но и тој мор да боксува со Ентони Џошуа. Ако сакаш да кажеш дека си број 1, дојди кај мене. Ајде, јас ги имам другите појаси и тоа е логично. Дали ќе има еден доминантен боксер во тешката категорија во наше време?“, вели Џошуа за „Скај спортс“.

Џошуа требаше да боксува со Пулев на 20 јули на стадионот на Тотенхем, пред мечот да биде одложен за подоцна во текот на летото, додека Фјури е обврзан да му даде трет меч на Дионтеј Вајлдер откако му ја одзеде ВБЦ титулата во февруари.

Scroll to Top