Top Sport

Александер-Арнолд: Моето семејство жртвуваше многу за мојата кариера

Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд вели дека неговото семејство жртвувало многу за тој да го исполни сонот и да стане професионален фудбалер, нешто за што секогаш ќе им биде благодарен.

21-годишниот Александер-Арнолд стана еден од клучните фудбалери во тимот на Јирген Клоп и лани ја освои титулата од Лигата на шампионите со „црвените“. Меѓутоа, тој вели дека за тоа е заслужно неговото семејство.

„Моето семејство жртвуваше многу за јас да можам да играм фудбал. Многу е тешко за мојот постар брат да го пропушти фудбалот поради мене, за да доаѓа и да ме гледа како играм јас. Моето семејство ме научи дека и едукацијата е исто толку важна како фудбалот, бидејќи ретко кој стигнува да заработува пари од овој спорт. За многу момци на моја возраст, едноставно не функционира. На почетокот чувствував многу фрустрации, лутина и разочарување, но морав да научам како да го прифатам тоа“, вели Александер-Арнолд.

Сега, откако желбата му е остварена, тој е еден од најпрепознатливите фудбалери во Премиер лигата.

„Славата е дел од тоа, а како дете сонуваш за тоа, за некој да ти бара автограм или фотографија. Сонував за овој живот, но понекогаш треба и да избегаш од тоа. Понекогаш имам желба да сум обичен 21-годишник, кој оди дома и игра ФИФА со неговите пријатели“, додава популарниот АА.

Scroll to Top