Top Sport

Џошуа се потсети на времето кога „дилаше“ дрога

Ентони Џошуа овој викенд ќе се обиде да ги обедини титулите во тешка категорија против Џозеф Паркер во Кардиф, и тоа беше совршено време да се потсети на потешките денови – кога во 2011 беше осуден за „дилање“ дрога.

28-годишниот Англичанец, кој осум месеци подоцна ќе стане олимписки шампион во супер-тешка категорија, во 2011 мораше да отслужува јавна работа откако беше осуден за продавање на дроги.

„Сепак, се кренав“, напиша Џошуа на фотографијата на која на 21 години цепи дрва.

Still I Rise ? #AJBXNG

A post shared by Anthony Joshua (@anthony_joshua) on

Џошуа, кој е роден во Ватфорд од родители со нигериско потекло, беше уапсен за поседување со намера за продавање на канабис во март 2011 година, по што беше исфрлен од британскиот тим и доби казна од 100 часа неплатена работа, откако судијата реши да го „поштеди“ од затворска казна. Во 2012, по освојувањето на олимпиското злато, тој призна дека инцидентот го вратил на вистински пат.

„Бев како многу млади луѓе и најважно беше како изгледав, каква облека имав, девојките. Не бев во најдобрата група на луѓе. Апсењето смени многу и ме натера да пораснам и да ја прифатам одговорноста. Не сум среќен од тоа што се случи, но ветив дека нема да се повтори и тоа ме разбуди“, изјави тогаш Џошуа.

Фото: ЕПА

Scroll to Top