Top Sport

Надал се враќа во Дејвис куп четврт-финалето

Светскиот рекет број 2, Рафаел Надал е дел од шпанскиот состав за четврт-финалето од Дејвис купот против Германија во Валенсија од 6 до 8 април.

Ова ќе биде прв настап за 31-годишниот Шпанец во Дејвис куп репрезентацијата откако помогна петкратните шампиони да се вратат во Светската група со победа над Индија во 2016 година. Покрај него во тимот на Серхи Бругуера се и Пабло Карењо Буста, Роберто Баутиста Агут, Давид Ферер и Фелисијано Лопез.

16-кратниот гренд слем шампион се повлече од Австралија опен во јануари по пласманот во четврт-финалето поради повреда на стомачниот мускул, и се очекуваше да се врати на Мексико опен во февруари, но се повлече пред стартот на турнирот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top