Ентони Џошуа, „кралот“ на тешката категорија, за следен противник го има Џерел „Биг Бејби“ Милер, фајтер кој својата кариера ја „калеше“ во кик-бокс категориите, каде што еден од противниците му беше хрватската легенда Мирко Кро Кап Филиповиќ.
Филиповиќ неодамна стави крај на својата кариера на 44 години откако доби мозочен удар, но видеата од неговите борби на Интернет уште се популарни. Неодамна, се појави и оваа интересна борба од пред пет години во К1 организацијата, кога за противник му беше Американецот Милер.
Можеби и Џошуа ќе го погледне видеото.