Top Sport

Џудист дисквалификуван откако му паднал мобилниот! (видео)

Португалскиот џудист Анри Егутидзе ја доживеа најбизарната дисквалификација во историјата, откако неговиот мобилен телефон, сокриен во киманото, му падна за време на меч на Гренд слем турнејата во Баку, Азербејџан.

Необичниот инцидент се случи овој викенд во борбата до 81 килограми против Швеѓанецот Робин Пацек, кој се обидеше да го фати Португалецот, кога мобилниот падна и судијата го прекина мечот.

23-годишниот џудист со грузиско потекло, беше поразен поради технички прекршок – носење на недозволен објект во арената.

Scroll to Top