Top Sport

Барселона очекува Челси да го купи Кутињо?

Од управата на Барселона очекуваат Челси да се обидат да го купат Филипе Кутињо како замена за Еден Азар, тврди порталот „Гол“. Кутињо би сакал да остане на „Ноу камп“ и покрај очајната прва цела сезона, но дел од директорите на каталонскиот гигант не би имале ништо против продажба.

Кутињо дојде во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за фантастични 105 милиони фунти и освои две титули од Ла лига  со клубот, но не успеа да стане миленик на навивачите, кои честопати го исвиркуваа и на кои тој им покажа да замолчат откако постигна гол против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. По шокантниот пораз од неговиот поранешен клуб на „Енфилд“ од 4:0, критиките за 26-годишниот Бразилец се зголемија.

Челси, пак, се подготвуваат за живот без Еден Азар, кој најави дека заминува во Реал Мадрид, и сумата од 100 милиони евра која би ја добиле би била искористена за купување на замена. Единствен проблем е тоа што Челси имаат забрана за трансфери од ФИФА, за која ќе се обидат да ја тргнат пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

Scroll to Top