Светскиот број 30., Дамир Џумхур беше посилен од Французинот Адриен Манарино со 6:1/1:6/6:1 за да ја освои својата трета АТП титула на Анталија опен во Турција.
Џумхур доминантно го освои првиот сет, пред Манарино, кој и лани загуби во финалето во Анталија, се врати во вториот сет користејќи ги грешките на Џумхур, пред босанскохерцеговскиот тенисер доминантно да го освои и последниот сет.
„Чувството е фантастично! Ова е моја трета титула, но прва оваа година и прва на трева“, вели 26-годишниот Џумхур, кој го отвара Вимблдон против Германецот Максимилијан Мартерер во понеделник.
Во Истбурн пак, 30-годишниот Германец Миша Зверев, конечно, стигна до својата прва титула во кариерата, откако со 6:4/6:4 го совлада Словакот Лукаш Лацко за трофејот од Истбурн интернешнл.
Двајцата тенисери ја бркаа својата прва титула во кариерата, а бидејќи и Лацко има 30 години, останува да се види дали ќе имаат и друга шанса во кариерата.