Top Sport

Џумхур се „искачи“ и на Кремљ

Дамир Џумхур стигна до својата втора АТП титула, откако во финалето на Кремљ купот во Москва со 6:2/1:6/6:4 го совлада Летонецот Рикардас Беранкис.

Џумхур минатиот месец на турнирот  во Санкт Петерсбург ја освои титулата, а очигледно руската клима му одговара откако стигна и до вториот трофеј по 1 час и 39 минути игра за да скокне на 31. место на АТП-листата, неговиот  најдобар пласман во кариерата.

Првиот тенисер од Босна и Херцеговина со АТП титула, играше трето финале на последните седум турнири, и сега има 10-0 скор од турнирите во Русија.

Беранкис, кој го имаше совладано Џумхур двапати во три меча, имаше лош старт и Џумхур го освои првиот сет за само 32 минути. Меѓутоа Летонецот не сакаше лесно да се откаже од шансата да го освои првиот трофеј во кариерата и го освои лесно вториот сет за брзи 35 минути. Џумхур губеше со 3:4 и 0:40 во одлучувачкиот сет, но Џумхур ги освои следните пет поени и направи брејк во последниот гем за победа.

Џумхур си заминува од Русија со нови 250 поени и чек од 132.990 долари, додека Беранкис има 150 поени и 70.045 долари за финалето.

Scroll to Top