Top Sport

Добра увертира за Њујорк–Халеп ја освои првата титула во 2020-та година

Втората на ВТА листата кај тенисерките, Романката Симона Халеп го освои турнирот во Прага откако во финалето ја совлада со 2-0 (6-2 и 7-5) Белгијката Елис Мертенс.

Халеп, за која ова беше прва титула во 2020. година, вкупно 21-ва во кариерата, до триумфот дојде за 95 минути игра.

Романската тенисерка во последен момент се пријави за учество на САД опен, па ова е добра увертира за предизвиците на Флешинг Медоуз.

Халеп првиот сет го освои повеќе од доминантно, со 3 направени брејка.

Во вториот Мертенс пружи достоен отпор, водеше и 2-0, но немаше сили за пресврт. Романката врза 6 гејма по ред и останатото беше рутина.

Турнирот во Прага се играше за вкупен награден фонд од 202.250 долари.

Scroll to Top