Top Sport

„Доброто секогаш го победува злото“

Дастин Поарије, со технички нокаут, го победи Конор Мекгрегор, на УФЦ 264 во Лас Вегас. Ирецот ја скрши ногата во финишот на првата рунда, во која доминираше Поарије. Мекгрегор, на носилки беше изнесен од арената во Лас Вегас.

„Доброто секогаш го победува злото. Среќен сум што победи Поарије. Се надевам дека ќе го добие појасот на крајот од годината“, напишал на Твитер, Хабиб Нурмагомедов, кој како непоразен, со 29 победи во исто толку борби, замина во пензија.

„Лудо е кога ќе се сетиме дека Конор му порача дека на носилки ќе го изнесат од рингот, а на крајот нему му се случи тоа. Оваа наша игра е толку луда. Честитки за Дијамантот од Луизијана“, порачал борецот во тешка категорија, Даниел Кормие.

Поарије, втор пат во кариерата го победи Мекгрегор. На почетокот на годината, Американецот со нокаут славеше во Абу Даби.

Поарије, најверојатно против Чарлс Оливера, ќе се бори за појасот во лесна категорија.

Scroll to Top