Top Sport

Наскоро, тимски наредби во Ред бул

Доколку се продолжат грешките и конфликтите меѓу Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен, тимот на Ред бул е подготвен да воведе тимски наредби за возачите, вели советникот на тимот, Хелмут Марко.

Марко, вториот човек во тимот јасно кажа дека судир како на Азербејџанското ГП е неприфатлив за тимот и дека е многу можно да се воведат тимски наредби доколку тоа се повтори.

„По следниот судир ќе имаме тимски наредби, иако јас лично и сите во тимот се против тоа“, вели јасно Марко во интервју за „Билд“.

Иако многумина го обвинуваа само Макс Ферстапен за судирот во неделата, Марко вели дека тоа е само еден фактор.

„Го имаме Макс поради неговата брзина и неговата агресивност. Мора да прифатиме дека некогаш ќе има искри“, додава Марко.

Рикјардо се удри во Ферстапен, двата Ред була во аут! (видео)

Scroll to Top