Top Sport

Долгата пауза го направи своето – Федерер треба да ги научи новите правила…

Долгата пауза која ја имаше освојувачот на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер очигледно влијаеше на Швајцарецот, кој влезе во ретка расправија со судијата за време на победата над Марин Чилиќ во второто коло, откако доби предупредување дека е преспор земајќи си ги пешкирите.

39-годишниот Федерер, инаку најстариот тенисер на Ролан Гарос, доби предупредување од судијата на столче Емануел Жозеф, откако очигледно не беше запознаен со новите правила дека децата кои носат пешкири не смеат да го прават истото поради КОВИД-19.

„Дали играм преспоро?“, го праша својот ривал, по што објасни:  „Одам од еден крај до друг за пешкирот, не го правам тоа намерно“. Чилиќ му одговори дека не игра преспоро, но дека неколку пати го чекал.

На крајот, Федерер се созеде за 6:2/2:6/7:6(4)/6:2 победа и по мечот се правдаше.

„Искрено, со пешкирите на страна на теренот, малку сум збунет што треба да правам. Знам дека се игра со ритамот на тој што сервира, но малку Марин ме брзаше и не сфаќам дали бев толку спор. Ќе треба да погледнам повторно“, откри Швајцарецот.

Scroll to Top