Top Sport

Украина се загреа со победа над Северна Ирска

Откако вчера Холандија се намачи за 2:2 реми со Шкотска, а Австрија загуби со 1:0 од Англија, денеска и третиот противник на Македонија во групната фаза на Европското првенство го имаше својот прв подготвителен меч пред шампионатот, откако Украина во Днипро ја совлада Северна Ирска со 2:0.

Единствениот гол го постигна Олександер Зубков во 10. минута од мечот, користејќи ја лошата реакција на ирската одбрана.

Македонија својот втор тест пред дебито на големата сцена го има утре во Скопје против Казахстан.

Scroll to Top