Top Sport

Доминантни настапи на Тим и Халеп

Третиот носител на Ролан Гарос, Доминик Тим избори пласман во осмина-финалето. Финалистот од минатите две години во три сета го победи Каспер Руд од Норвашка.

Тим го победи Руд за два часа и 15 минути со 6/4, 6/3, 6/1.

За многумина најголемиот фаворит на турнирот во париз немаше никакви проблеми против Норвежанецот. Иако Руд прв направи брејк, Тим експресно му возврати, два пати во првиот сет му го одзеде сервисот на противникот за 1:0 во сетови.

Тим два брејка направи и во вториот сет, а откако поведе со 2:0 третиот сет беше само формалност за Австриецот.

Противник на Тим во осмина-финалето ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Стан вавринка и Уго Гастон.

На женскиот дел од турнирот познати се три учеснички во осмина-финалето.

Симона Халеп ја декласира Аманда Анисомова за 56 минути. Романката победи со 6/0, 6/1.

Халеп во наредната рунда ќе игра против Ига Швјонтек од Полска. Ѓвјонтек со 6/3, 6/2 беше подобра од Ежени Бушар.

Оваа рунда ја мина и четвртата носителка Елина Свитолина која со 6/4, 7/5 славеше над Екатерина Александрова.

Scroll to Top