Полската тенисерка Ига Швјонтек ја освои титулата на завршниот ВТА турнир во Канкун, Мексико.
Швјонтек, во финалето, ја декласира Американката Џесика Пегула со 6:1, 6:0.
Со оваа победа Швјонтек ќе се врати на првото место на ВТА листата, кое го загуби пред два месеци и ќе ја заврши годината како тенисерка број еден во светот.
Полската тенисерка беше убедлива во финалето во Канкун, загуби само еден гем од Пегула, направи пет брејка и славеше по точно еден час игра.
Ова беше шеста титула за Швјонтек сезонава, а вкупно 17-та во кариерата.
Швјонтек, исто така, стана најмладата шампионка на завршниот ВТА турнир, откако Петра Квитова победи во Истанбул во 2011 година.
Исто така, таа е втората тенисерка од Полска која го крена трофејот на овој турнир, во 2015 година тоа го направи Агњешка Радванска во Сингапур.