Top Sport

Дона Векиќ со поддршка за Ѓоковиќ: Жал ми е за Новак!

Додека бројни светски медиуми го критикуваат најдобриот светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ поради организирањето на „Адрија тур“ поради што неколкумина тенисери се заразени со коронавирусот, хрватската тенисерка, Дона Векиќ му пружи поддршка на српскиот ас.

„Навистина ми е многу жал за Новак, идеката му беше одлична. Тешко е да се суди, затоа што ситуацијата во Србија и Хрватска е таква што луѓето воглавно не почитуваат никакви мерки, а не само кога се работи за тенисот. Ако отидете надвор, во некој реторан или клуб, ќе видите човек до човек. Жал ми е Новак, затоа што да се доведат такви играчи во Хрватска е навистина добра работа, а сите приходи требаше да бидат наменети во хуманитарни цели. Жал ми е што заврши вака, имаше само добри намери“ напиша Векиќ која настапи на турнирот во Задар.

Двата нејзини тестови за коронавирус се негативни, соопшти денеска нејзината портпаролка.

Scroll to Top