Top Sport

Титулата во ПЛ е освоена, тргнува јуришот по рекорди!

Ливерпул по три децении ја освои долгоочекуваната титула во Премиерлигата.

Седум кола пред крајот пулените на Јирген Клоп го обезбедија тронот, па сега почнува јуришот по рекорди – вкупно четири.

Првиот веќе се „намирисува“, а тоа е да ја завршат сезоната со повеќе од 19 бода разлика од второпласираниот, односно да го срушат рекордот на Сити од сезоната 2017/2018.

Славниот клуб од „Енфилд“ е во трка по уште 6 победи (има уште 7 кола до крајот на ПЛ) за да го сруши рекордот на „граѓаните“ кои имаат 28 триумфи во една сезона.

Исто така, никој никогаш до сега не остварил 19 победи на својот стадион во една сезона, а Ливерпул во моментов има 16.

На крајот, на мета е уште еден рекордот на Манчестер Сити, 100 бодови во сезона. Максимумот што избраниците на Клоп можат да го освојата сезонава е 107 бода.

Можеби се ќе биде појасно уште наредниот викенд кога „црвените“ им гостуваат на „граѓаните“ на „Итихад“.

Распоредот на Ливерпул до крајот е ваков: домашни дуели со Астон Вила, Барнли и Челси и гостувања кај Брајтон, Арсенал и Њукасл.

Scroll to Top