На Флојд Мејведер Јуниор очигледно му е досадно во пензионерските денови, откако на Инстаграм постави видео во кое е облечен како мачката Силвестер од цртаните филмови.
„Мани“ Мејведер заработи речиси 300 милиони долари од својот претходен (и наводно последен) меч против УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор, така што очигледно му треба некое хоби да го поминува времето.