Светскиот број 2, Џад Трамп загуби во третото коло на УК шампионатот, откако Греем Дот освои шест фрејма во низа шокантна 6:2 победа, по која првите тројца носители се во аут, по елиминацијата на Марк Селби и Динг Џунхуи.
28-годишниот Трамп имаше фантастичен старт со брејкови од 93 и 78, но 40-годишниот Шкотланѓанец, нанижа пет брејка од над 50 за импресивна победа.
Последен пат првите три носители загубиле на УК шампионатот до третото коло во 2007, кога беа победени Џон Хигинс, Питер Ебдон и Дот. Овојпат Дот беше во поинаква улога.
„Се чувствував одлично и се обидував да нападнам во секоја шанса. Луѓето ме прашуваат дали уште играм снукер, така што е добро да ги потсетам дека сум тука“, вели Дот, кој беше светски шампион во 2006 година.
Трамп, кој е шампион од „Барбикан“ од 2011, го нема минато третото коло во Јорк од финалето во 2014 година.
It’s all going wrong for @judd147t ? pic.twitter.com/QN6r7jgDDw
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) December 4, 2017
Во осминафиналето на Дот му се приклучија и Кинезот Лиу Хаотиан, Стивен Мегвајр и Рајан Деј. Лиу го совлада Марко Фу со 6:4, Шкотланѓанецот Мегвајр го победи финалистот од 2015, Лианг Венбо со 6:5, додека Деј имаше трилер-победа во велшкото дерби против Марк Вилијамс, победникот од Северна Ирска опен. 42-годишниот Вилијамс кој во Белфаст стигна до првата титула по речиси седум години водеше со 4:1, пред Деј да се врати за 4:4 и 5:5.