Новак Ѓоковиќ и Александер Зверев денеска нема да го играат четвртфиналниот двобој на Ролан Гарос затоа што организаторите ги одложија сите денешни мечеви. Причина е дождот кој врне во Париз цел ден.
Освен споменатиот дуел, утре е планирано, доколку не врне, да се одигра и четвртфиналето меѓу Доминик Тим и Карен Качанов.
Денеска нема да се одиграат ниту двете четвртфинални пресметки во женска конкуренција, Симона Халеп – Аманда Анисимова, односно Медисон Кејс – Ешли Барти.
Кај мажите веќе е позната првата полуфинална двојка. Федерер и Надал ќе се борат за влез во големото финале.
Кај дамите Конта и Вондрусова ќе ги одмерат силите, подобрата ќе обезбеди влез во финалниот меч.