Top Sport

Доживотна суспензија за две тенисерки поради местење натпревари

Тенисерките Настја Колар од Словенија и Американката Александра Рајли добија доживотна суспензија од спортот и казнети се парично поради местење натпревари.

Колар (28) направила 25 прекршоци во периодот од 2015 до 2020 година и е казнета со 175.000 долари.

Американката направила 15 прекршоци во истиот период и доби парична казна од 50.000 долари.

Единицата за интегритет во тенисот објави дека казните ја одразуваат „длабочината и значењето на прекршувањето на правилата, кои вклучуваат местење натпревари, обложување, олеснување на обложувањето, заговор и непријавување коруптивни прекршоци“.

Агенцијата објави и дека „ниту една од тенисерките не покажала каење за своите постапки“.

Колар го постигна најдобриот резултат во кариерата со пласман меѓу најдобрите 200 на ВТА листата, додека најдобрата позиција на Рајли беше 691. место.

Scroll to Top