Top Sport

Доживотно суспендиран од тенисот и казнет со 137.000 долари

Бразилскиот тенисер Диего Матос (31) поради местење на мечеви доби доживотна суспензија.

Истражителите докажале дека Матос манипулирар со конечните резултати на десет мечеви во 2018 година, од кои финансиски профитирал. Станува збор за мечеви одиграни на ИТФ-турнирите во Бразил, Шри Ланка, Еквадор, Португалија и Шпанија.

Покрај доживотната суспензија, Матос добил и парична казна. Тој треба да врати 12.000 долари што ги освоил на турнирот во Еквадор и плус мора да плати казна во износ од 125.000 долари.

Бразилскиот тенисер одбил во целост да соработува со истражителите. Тој не им овозможил да го однесат на форензичко вештачење неговиот мобилен телефон и не им дозволил да имаат убид во неговите финансии.

Scroll to Top