Top Sport

УЕФА ја потврдија казната, Партизан без публика против АЗ Алкмар

УЕФА ја одби жалбата на фудбалскиот клуб Партизан на претходно изречената казна, што значи дека првиот меч во Лига Европа, против АЗ Алкмар српскиот претставник ќе го игра без присуство на публика.

Партизан два натпревари суспензија доби по мечот со Малатија, во третото квалификациско коло во Лига Европа, поради непримерното однесување на публиката.

Еден меч од казната одработија против Молде во плеј-офот.

Сепак, како и на мечот со Молде и против АЗ Алкмар трибините на стадионот на Партизан нема да бидат празни, бидејќи УЕФА дозволи влез на деца до 14 години.

Scroll to Top