Top Sport

Дозволено 1.000 гледачи дневно на Ролан Гарос

Поради влошувањето на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Париз, организаторите на Ролан Гарос, соопштија дека мечевите на овој гренд слем дневно ќе можат да ги следат само 1.000 луѓе. За директорот на Роланд Гарос, Ги Форже ова е голем удар за турнирот.

Организаторите се подготвуваа за многу поголем број на гледачи во текот на еден ден на Роланд Гарос, меѓутоа растото на заразени во Париз им ги смени плановите.

Пред три недели организаторите објавија дека планот е во текот на еден ден, на трите главни терени, да има по 11.500 гледачи, потоа изразија надеж дека ќе им биде дозволено да има 5.000 луѓе, меѓутоа нивните надежи ги уништи премиерот на Франција Жан Кастекс.

„На Ролан Гарос ќе се применуваат истите правила како и на сите други спортски настани“, рекол Кастекс.

Француската влада синоќа донесе одлука според која на сите спортски настани максимално може да присуствуваат 1.000 гледачи.

Ролан Гарос во главниот град на Франција ќе се одржи од 27 септември до 11 октомври.

Scroll to Top