Top Sport

Пандев добива конкуренција – Балотели се договорил со Џенова

Горан Пандев деновиве ќе добие нов соиграч во напаѓачкиот ред. Италијанските медиуми тврдат дека во Џенова доаѓа „лошото момче“ на светскиот фудбал Марио Балотели.

Поранешниот фудбалер на Интер, Ливерпул, Манчестер сити, Милан…минатото лето реши да се врати во тимот на Бреша, меѓутоа авантурата за него не заврши добро. Минатата сезона тој одигра 19 натпревари и постигна пет гола за Бреша.

Во периодот кога клубовите им се враќа на тренинзите по паузата поради коронавирусот многу тешки зборови паднаа на релација Марио Балотели-Бреша.

Според медиумите Балотели со Џенова ќе потпише едно годишен договор.

Scroll to Top