Холанѓанецот Фабио Јакобсен не му дозволи на Ирецот Сем Бенет втора етапна победа на Вуелта Еспања, откако стигна до својата прва победа на големите трки на 4. етапа на Вуелта од Кулјера до Ел Пуиг, иако исходот мораше да го решава фото-финиш.
Јакобсен (Десеунинк-Квик степ) имаше одлична помош од својот колега Макс Рикезе за да го изддржи нападот на Бенет (Бора-Хансгрое) за своја прва победа откако пред два месеци стана холандски шампион. Германецот Макс Валшид (Санвеб) беше далеку на третото место, а во топ 5 беа и Фернандо Гавирија (УАЕ Тим Емирати) и Словенецот Лука Мезгец (Мичелтон-Скот).
Ирскиот шампион Бенет, кој беше фаворит за втора победа во низа, загуби позиција пред спринтот на многуте кружни текови пред крајот на етапата. Тој беше најбрз во финишот, но 22-годишниот Јакобсен беше одличен.
Ирецот Николас Роуч (Санвеб) ја заддржа лидерската црвена маичка трет ден во низа, со предност од 2 секунди пред Колумбиецот Наиро Квинтана.
⏯ Un sprint ajustado da una alegría al joven @FabioJakobsen, con @nicholasroche líder ante la primera llegada en alto. Revívelo en 1′.
⏯ Young winner with Fabio Jakobsen in a close sprint, as Nicolas Roche stays in red before the first summit of #LaVuelta19. The 1′ summary. pic.twitter.com/KOMKR6YELP
— La Vuelta (@lavuelta) August 27, 2019
? ¡Un sprint más que ajustado! / Wow! That was close! ? #LaVuelta19
↔️ @FabioJakobsen vs @Sammmy_Be pic.twitter.com/hoJlcdNQkX
— La Vuelta (@lavuelta) August 27, 2019