Top Sport

Драма во Барселона, Србија преку Шпанија до ново европско злато

Ватерполистите на Србија, со драматичната победа над Шпанија, ја одбранија европската титула. На Европското првенство во Барселона, Србија ја победи домашната селекција по изведувањето на пенали. Натпреварот во регуларниот дел заврши 7:7 (0:1, 3:3, 3:2, 1:1).

Србите и Шпанците одиграа исклучително неизвесен и квалитетен натпревар, в кој доминираа одбраните и двајцата голмани Митровиќ и Пинедо.

Шпанците, во првите две четвртини, ја искористија нервозната игра на противникот и константно ја одржуваа предноста од еден гол. Србија успеа да израмни дури во финишот на вториот период, но во последната секунда Гуељ се погрижи Шпанија да има гол предност на полувреме 3:4.

Србите полека влегоа во вистинскиот ритам во третиот период, со два гола прв пат стигаа до предност 5:4, а потоа и до 6:5, меѓутоа Муриа во последните секунди од четвртината не дозволи противникот да влезе со предност во решавачкиот период 6:6.

Во последната четвртина двете репрезентации постигнаа по еден гол Јакшиќ погоди за Србија во 27.минута, а веќе во наредната израмни Гуељ со својот втор гол на мечот.

Во последните четири минути никој не успеа да постигне гол, па победникот го решаваа ударите од пет метри.

Србите шутираа први, сигурен реализаитор беше Филиповиќ, а до крајот сите негови соиграчи го совладаа шпанскиот голман (Прлаиновиќ, Алексиќ, Мандиќ и Ќук). Кај Шпанија сигурни беа Пероне, Мунарис и Ларумбе, а својот удар од пет метри не го реализираше Фернадес во третата серија.

Србија ја продолжи доминацијата на Европските првенства, немаат пораз од 2012 година, а во Барселона го освоија четвртиот златен медал во низа, петти на континенталните првенства како самостојна држава.

Scroll to Top