Top Sport

Драма во Лас Вегас – двајца УФЦ фајтери загубиле свест!

УФЦ Лас Вегас во саботата навечер, враќањето на УФЦ во САД не помина без контроверзи откако два фајтери ја загубиле свеста пред да излезат во кафезот, по што шефот на федерацијата, Дејна Вајт го критикуваше главниот лекар на настанот.

Тревин Гајлс требаше да се бори во еден од главните мечеви во средна категорија на „Ејпекс“ центарот во Лас Вегас против Кевин Холанд, пред да се појави веста дека тој ја загубил свеста пред мечот. 27-годишниот Гајлс, наводно имал трема, и откако ја вратил свеста тој побарал да добие зелено светло да го ст артува мечот.

УФЦ се обиде да најде замена на него во Ед Херман, чиј меч против Гералд Мершерт беше откажан кога Мершерт беше позитивен на КОВИД-19, меѓутоа Херман веќе си заминал од Лас Вегас.

Драмата не завршила тука – шкотската фајтерка Џоен Калдервуд исто така ја загубила свеста по поразот во првата рунда над Бразилката Џенифер Маја во мува категорија. Калдервуд веднаш била однесена во болница.

Scroll to Top