Одбојкарската репрезентација на Словенија го освои бронзениот медал на Европското првенство.
Словенците ја добија дрмата во пет сета против Франција. Резултатот во сетови беше (25:22, 25:16, 21:25, 18:25, 15:11).
Словенија поведе со 1:0 по интересна борба во првиот сет, но практично цело време имаше предност. Во вториот сет Словенците беа уште поубедливи и се чинеше дека нема да имаат никакви проблеми да го завршат мечот во три сета.
Сепак Французите немаа намера да се предадат. Третиот сет подобро го отворија, Словенците во еден момент успеаја да фатат приклучок, но тоа не беше доволно да направат пресврт. Полни со самодоверба „триколорите“ се разиграа во четвртиот сет и носеи од својот најдобар играч Ервин Нгапет успеаја да изедначат.
Сепак, Словенците брилијантно влегоа во решавачкиот сет, во ниту еден момент не им дозволија на ротивниците да се доближат и на крајот заслужено славеа.
Рок Можич беше најдобар поентер во победата на Словенија. На овој натпревар освои 26 поени. Го следеа Тине Урнаут со 19 и Клемен Чебуљ со 15 поени.
Во француската репрезентација најдобар беше Ервин Нгапет со 18 поени, а два помалку додаде Кевин Тили.
Фото/CEV