Top Sport

Драма во Шангај, Мареј близу до сензација со Фоњини, не успеа во тај-брејк

Екс-најдобриот светски тенисер, Британецот Енди Мареј пропушти можност по исцрпувачки меч кој траеше над 3 часа да слави победа на Мастерс турнирот во Шангај. Мареј загуби со 2-1 (по сетови 7-6 2-6 и 7-6) од 10-тиот носител на турнирот, Италијанецот Фабио Фоњини.

32-годишниот Мареј во првиот сет водеше со 4-2, па потоа го загуби сетот со 7-6.

Во вториот сет беше доминантен, го доби со убедливи 6-2.

Во третиот сет двапати сервираше за победа (при 5-4 и 6-5), меѓутоа до меч топка не дојде, а Италијанецот беше поуспешен во тај-брејк.

Мареј кој моментно е 91. на АТП листата место на турнирот во Шангај обезбеди со посебна покана. Посебно драгоцена за Британецот ќе беше победата ако се знае дека на почетокот на годинава имаше операција на колкот по која прашање беше дали воопшто ќе може да продолжи со професионалната тениска кариера.

Scroll to Top