Top Sport

„Манчестер Јунајтед може да испадне од лигата, како во 1974 година“

Манчестер Јунајтед е во големи проблеми, екипата на Оле Гунар Солскјер оствари само две победи во првите 8 меча во Премиерлигата и се наоѓа на 12 место со само 2 бода повеќе над зоната за испаѓање.

Овие дена на Островот се главна тема. Еден од најбогатите светски клубови се мачи на секој меч, без оглед дали на спротивната страна е Њукасл, Астана или Рокдејл.

Коментар за состојбата на „црвените ѓаволи“ даде и менаџерот Сем Алардајс кој отиде дотаму велејќи дека Јунајтед може и да испадне од Премиерлигата.

„Тие и во 1974 година испаднаа, со сјајна екипа на хартија. Оваа ситуација не е надвор од тие граници, доколку самодовербата дополнително падне, а проблемите со повредите останат актуелни, се е можно“ – вели Алардајс.
Популарниот „Биг Сем“ истакна и други проблеми со кои „ѓаволите“ може да се судрат.

„Играчите најчесто не можат така брзо да се вратат како што тоа би го направиле доколку работите се во ред. Постои вознемиреност во тимот и поради тоа што Погба сака да си замине. Пред Солскјер е голема работа, велат потребно е време, но не можете да ги продадете најдобрите стрелци, а да не им пронајдете замена. Тоа е огромен проблем“ – смета менаџерот кој своевремено беше и селектор на Англија.

Јунајтед на последните 7 меча во Премиерлигата постигна 5 гола, а откако Солскјер е официјално на менаџерската позиција во клубот, тимот само во три наврати успеал да постигне два или повеќе гола на меч.

Scroll to Top