Top Sport

Драматична победа на Гоџа во супер-велеслалом

Италијанската Софија Гоџа забележа импресивна победа на трката во супер-велеслалом што се одржа во Занкт Мориц, Швајцарија. 27 годишната Италијанска во целта влезе со еден стап, таа за една стотинка ја победи сонародничката Федерика Бријоне.

Гоџа, носителка на сребрениот медал во супер-велеслалом на последното Светското првенство, во Занкт Мориц ја забележа втората победа во кариерата, прва во оваа дисциплина. Претходно таа победи во спуст во 2018 година во Кран Монтана.

Третото место и припадна на најдобрата во минатата сезона Микаела Шифрин. Американката од победничката имаше послабо време за 13 стотинки.

Зад најдобрите три беа Австријката Никол Шмидофер и Швајцарката Лара Гут. Потоа следуваа три натпреварувачки со идентичен резултат: Нина Отлиб (Австрија), Корин Зутер (Швајцарија) и Кајса Викхоф (Норвешка).

Шифрин води во генералниот пласман со 532 бода, зад неа се Викторија Ребенсбург со 261 и Федерика Бријоне со 241 поен.

Scroll to Top