Top Sport

Дресен најбрз на спустот во Гармиш

Германецот Томас Дресен ја за бележа втората победа оваа сезона во Светскиот куп. Дресен победи на спуст трката што се одржа во Гармиш-Партенкирхен.

Германецот до четвртиот триумф во кариерата, втор оваа сезона, на домашната патека забележа време 1:39.31 минути.

Покрај Дресен место на пиедесталот изборија Норвежанецот Александар Омот Килде (1:39.47) и Жоан Клари од Франција (1:39.48).

Меѓу најбрзите пермина на патеката беа уште и Винсент Крихмајр од Австрија односно Травис Ганонг од САД.

Лидерот во вкупниот поредок во спуст со 520 поени, Швајцарецот Беат Фојц го освои шесттото место.

Инаку во генералниот пласман води Хенрик Кристферсен од Норвешка со 841 поен, го следат сонародникот Килде со 782 и Алекс Пинтаро од Франција со 722 поени.

Светскиот куп во машка конкуренција продолжува со трката во велеслалом, која се вози в недела во Гармиш.

Scroll to Top