Top Sport

„Државата не му помага, ТВ-станиците не ги следат неговите успеси “

Евгениј Поп Ацев трет пат во кариерата заврши како прв во генералниот пласман во Ултра-серијата на ФИНА, во далечинско пливање. Поп Ацев неодамна во Охрид го освои второто место, а со третата позиција во Неапол тој си ја обезбеди титулата. Претходно Македонецот беше најдобар во 2015 и 2017 година.

По големиот успех на Поп Ацев на социјалните мрежи се огласи неговиот брат Дарко, кој потенцира дека Евгениј не добива помош од државата и неговите успеси не се испратени на ниту една од националните телевизии.

„Дечково е три пати победник на Светската серија на Ултра маратони. Успех не доволно вреден да се спомне на ниту една национални телевизија, успех не препознаен од ниедна фирма, успех недоволен за да има барем некаква помош од државата…од држата чии бои ги брани и повеќе од достојно ја претставува. Кој не осетил и не видел не знае колку пот и одрекувања се тоа. Е овој дечко, сам си плаќа кај и да оди да ја претставува земјата а нема ниту еден ден работен стаж, здравствено и пензиско осигурување. Зошто? Зошто реши да плива за Македонија. И како што го дал Господ го прави тоа без никаква помпа одбивајќи понуда да плива за друга земја. Искрено, ти се восхитувам на честа, скромноста и истрајноста. Добри спортисти има многу, ама добри луѓе како тебе се малку а ти си еден од нив. Честитки голем човеку!“, напиша Дарко Поп Ацев.

Scroll to Top